Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека клубот ќе се раздели со Луис Суарез. Договорот на Уругваецот истекува и нема да биде обновен. На денешниот меч против Севилја на „Ванда Метрополитано“ искусниот напаѓач ќе се прости од навивачите.
„Имав долг разговор со Луис во ноември. Долг, тежок и искрен разговор. И двајцата споделивме како ја гледаме сегашноста и иднината. Од тој момент до денес, никој од нас не го прекрши тоа што си го ветивме. Затоа сум исклучително благодарен на Суарез“, изјави Симеоне.
Луис Суарез пристигна на „Ванда Метрополитано“ како слободен играч од Барселона во 2020 година и имаше огромен придонес за ланската титула на Атлетико во Ла Лига. Уругваецот оваа сезона повторно е водечки стрелец на мадриѓаните во првенството со 11 голови, но често остануваше на клупата за резерви.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












