Connect with us

Шкупи слави титула на Чаир, ревијално последно коло

Шкупи на Чаир го пречекува тимот на Академија Пандев (17 часот) и ќе ја слави шампионската титула. Тимот на Гоце Седлоски беше најдобар оваа сезона и сосема заслужено прв мина низ целта, одземајќи го трофејот од Шкендија.


Фановите најавуваат спектакл, а фудбалерите сакаат да им приредат убава претстава. Напаѓачот Мамаду Данфа посакува победа за крај и е исклучително среќен што денеска ќе се слави титула на Чаир.

„Во текот на целата недела се подготвувавме за овој натпревар. Секако дека го респектираме гостинскиот тим затоа што тие не се случајно на второто место, но ние ќе влеземе во дуелот со намера да го добиеме натпреварот и потоа ќе славиме заедно со нашите навивачи. Тие се најзаслужни за овој успех. Среќен сум што сум дел од овој тим и среќен сум што ќе славиме титула“, изјави напаѓачот Данфа.

Со оглед дека сите важни позиции на табелата се решени, денеска се очекува ревијално коло.

Шкендија ќе му гостува на Струга Трим Лум, а Скопје е домаќин на Брегалница.

Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе го пречека Пелистер, а Борец ќе се прости од прволигашката сцена со дуел против Ренова.

Во Кавадарци, Тиквеш ќе игра против Македонија ЃП.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 33.КОЛО (17 ЧАСОТ)

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

БОРЕЦ – РЕНОВА

ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови