
Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, јавно објави дека сака да го напушти клубот. Полскиот репрезентативец го стори тоа по последниот натпревар од сезоната во Бундеслигата, ремито (2-2) на гости против Волфсбург. Левандовски постигна еден од головите за баварскиот тим и со 35 гола стана најдобар стрелец на првенството.
„Сосема е можно ова да беше мојот последен натпревар за Баерн. Не можам да кажам дека е 100% сигурно, но тоа е многу веројатно. Мора да го најдеме најдоброто решение за двете страни“, изјави Левандовски.
„Навистина имав разговор со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и му кажав дека нема да го продолжам договорот. Му кажав и дека доколку дојде понуда до клубот за мене, да ја разгледаат. Свесен сум дека имам договор за уште една година, но ќе видиме што ќе се случи“, додаде напаѓачот, кој постигна вкупно 50 голови во сите натпреварувања во текот на сезоната.
Тренерот Џулијан Нагелсман не би сакал да го загуби одличниот напаѓач.
„Би било голема загуба Роберт да замине, но тој е врзан за Баерн до 2023 година. Фактот дека нема да го обнови договорот ни дава поттик да најдеме напаѓач кој може да го замени Левандовски“, коментираше тренерот Џулијан Нагелсман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
