
Монако со супер – пресврт го победи Брест со 4-2, иако на почетокот имаше два гола негатива. Дуверн и Белаили донесоа два гола предност за Брест, но потоа на сцена стапи Бен Једер и со хетр – трик се погрижи за пресврт. Четвртиот гол за Монако беше дело на Кевин Воланд.
„Кнезовите“ пред последното коло се наоѓаат на втората позиција на табелата во францускиот шампионат со 68 бода, идентично како и Олимпик Марсеј, и имаат шанса да се пласираат во ЛШ.
Лориен со ремито без голови на гости против Бордо успеа да обезбеди опстанок во елитното француско друштво.
Олимпик Марсеј си ја закомпликува ситуацијата откако загуби од Рен со 2-0.
Пари Сен Жермен славеше со 0:4 на гости кај Монпелје. Два гола постигна Лионел Меси, а во листата на стрелците се запишаа и Анхел Ди Марија и Килијан Мбапе од пенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
