Новиот второлигаш Воска во првата сезона во Втората лига Запад успеа да стигне до второто место и обезбеди бараж за пласман во елитата. Најтрофејниот македонски клуб Вардар и следната сезона ќе биде второлигаш откако не успеа во оваа битка.
Воска одигра 1-1 на гости кај Силекс, а Вардар победи (1-2) на гости против Кораби.
Ристе Илијовски во 51.минута ја доведе Воска во водство во Кратово, но израмни Ѓорѓи Танушев во 78.минута.

Вардар поведе преку Давид Велковски во 23.минута, на 0-2 зголеми Петковски, а Кораби постигна почесен гол преку Еркан Шаип во 67.минута од мечот.
Охрид обезбеди опстанок со триумфот од 2-0 против Тетекс, со двата гола на Роберт Митев.
Стојанчо Велинов и Лазар Пеев му донесоа триумф (1-2) на Гостивар на гости кај Велешта, а Беса го декласира Кадино со 7-2.
Од второлигашка конкуренција испаѓаат Кораби, Велешта и Кадино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













