Штутгарт успеа да избори директен опстанок во Бундес-лигата, откако го совлада Келн на домашен терен со 2-1. Ендо беше стрелец на победничкиот гол во 92.минута од дуелот.
Херта падна на 16. позиција која води во бараж за опстанок, откако загуби на гости против Борусија Дортмунд со 2-1. Белфодил донесе предност за Херта, но Ерлинг Халанд од пенал израмни, а Мукоко се погрижи за целосен пресврт во Дортмунд.
Лајпциг во последен момент обезбеди реми (1-1) на гости кај Арминија Билефелд и ќе игра во Лигата на шампионите. Стрелец беше Вили Орбан.
Роберт Левандовски исто така беше стрелец на погодок во ремито меѓу Волфсбург и Баерн Минхен (2:2). Тоа најверојатно беше и последниот меч за Полјакот во баварскиот тим.
Унион Берлин го совлада Бохум со 3-2, а Баер Леверкузен славеше над Фрајбург со 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal