Барселона успеа да го „откачи“ Кутињо, но многу брзо ќе се соочи со нов проблем. Атлетико Мадрид нема намера да го откупи договорот на Антоан Гризман. Поточно, смета дека клаузулата од 40 милиони евра е преголема за оваа зделка.
Гризман во јуни 2019 година, од Атлетико се пресели на „Ноу Камп“ за 120 милиони евра, но во Барселона никогаш не ја достигна формата во која играше за Атлетико.
Во последните часови од преодниот рок, францускиот репрезентативец се врати на „Ванда Метрополитано“, но и тука не игра како во старите добри денови.
Тој се соочи и со повреда поради која три месеци отсуствуваше од тимот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski