Connect with us

Клоп: Лигата на нации е една од најсмешните идеи во светот на фудбалот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го најави денешното финале на ФА Купот против Челси, но уште еднаш се осврна на Лигата на нации, која ги очекува играчите на крајот од клупската сезона.
Тој истакнува дека со задоволство би жртвувал парична награда за пласман во финалето на Лигата на шампионите доколку тоа би значело дека УЕФА го откажала „смешниот“ турнир во Лигата на нации.


Шефот на Ливерпул долго време е противник на ова натпреварување, за кое смета дека на преполниот календар додава непотребни, дополнителни натпревари, а своите размислувања ги сподели и со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Повеќе натпреварувања е секогаш лоша идеја. Зборував за тоа доста често… Но, Лигата на нации е една од најсмешните идеи во светот на фудбалот. Фудбалерите одиграа преку 70 натпревари и продолжуваат да играат во Лигата на нации по завршувањето на сезоната. Четири, пет, шест натпревари со репрезентациите. Повеќе би сакал УЕФА да земе повеќе пари од финалето на Лигата на шампионите и да се ослободи од Лигата на нации“, изјави Клоп.

Што се однесува до денешното финале, Клоп призна дека неговиот тим сака да го освои трофејот во ФА купот на Англија кој не бил во витрините на „црвените“ од 2006 година.

„Навистина сме очајни да победиме. И Челси исто така. Последен пат го освоивме во 2006 година, тие досега го освоија три – четири пати. Тие се експерти за куп… но ние го сакаме трофејот и ќе дадеме се од себе. Сакаме да уживаме во играта и да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Клоп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови