
Победа Прилеп е нов прволигаш и во последното коло ќе оди растоварено на гости во Виница. До пред две кола се сметаше дека тоа ќе биде битка за првото место, но Слога потклекна во завршницата и со поразот во Струмица ја остави Беласица во пол-позиција за баражот.
Тимот на Александар Стојанов во денешното последно коло од Втората лига Исток патува во Гевгелија на дуел со Кожуф и сам решава за својата судбина. Со триумф, Беласица ќе го обезбеди второто место и ќе игра бараж за пласман во елитата.
Пехчево ќе ја пречека Локомотива, Осогови оди на гости кај Братство, а Детонит Јуниор ќе биде домаќин на Каменица Саса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
