Connect with us

Њукасл го сака Каспер Шмајхел на голот за следната сезона

Њукасл се уште е во потрага по нов голман. Откако тимот успеа да избори опстанок во Премиер – лигата, сега плановите на богатите сопственици се насочени кон создавање на квалитетен тим за следниот шампионат.


Финансиите нема да бидат пречка, но ќе треба да се одберат вистинските засилувања.

Њукасл знае кого сака на голманската позиција. Тоа е капитенот на Лестер, Каспер Шмајхел. Раководството ќе се обиде да го убеди да пристигне на „Сент Џејмс Парк“ и да стане еден од носителите на новиот проект на Њукасл.

Каспер Шмајхел има 35 години, а има договор со Лестер до јуни 2023 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови