
Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, утре ќе биде стартер во последното коло од Бундес – лигата против Волфсбург, иако неговата иднина во клубот останува нејасна откако преговорите за нов договор се во ќорсокак.
Полскиот интернационалец има договор со Баерн до 2023 година, но германските медиуми открија дека Полјакот не сака да го продолжи договорот, што ја прави поголема веројатноста за разделба многу голема. Клубот на крајот на сезоната ќе мора да го продаде затоа што следното лето би заминал како слободен агент.
„Роберт тренира многу добро во последните два дена, а исто така постигна неколку добри голови на тренинзите“, изјави тренерот на баварскиот тим, Џулијан Нагелсман.
„Тој утре ќе биде стартер. Што се однесува до иднината, позицијата на клубот е позната, мојот став е познат и ситуацијата со договорот е позната до 31 јуни 2023 година. За ова прашање нема да коментирам ништо друго. Можете да контактирате со раководството на клубот или да го прашате Роберт“, додаде Нагелсман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
