
Џанлуиџи Донарума минатото лето пристигна како големо засилување во ПСЖ. Toj реши да го напушти Милан на крајот на минатата сезона откако одби да го продолжи договорот, а имаше можност да избере нов клуб како слободен играч без обештетување.
Иако имаше неколку интересни понуди, на крајот Донарума реши да потпише за ПСЖ неколку дена откако со репрезентацијата на Италија стана европски првак.
Донарума пристигна во ПСЖ како големо засилување и се чинеше дека нема сомнеж дека ќе биде прв голман, но тоа не се случи. Откако Кејлор Навас остана во клубот беше јасно дека двајцата ќе се борат за позицијата прв голман.
Сезонава Италијанецот не бранеше ни приближно колку што очекуваше, поради што испрати јасна порака до челниците на ПСЖ. Тој рече дека сака да остане во клубот, но дека едноставно „светците“ мора да донесат одлука кога е во прашање тој и Навас.
„Сакам да останам во ПСЖ. Ова не беше лесна сезона бидејќи бранев половина од натпреварите и не можев да го дадам својот максимум. Повторно натпреварување со Кејлор Навас следната година? Не, нема да биде така. Клубот ќе мора да направи избор во тој поглед“, изјави Донарума.
23-годишниот голман оваа сезона за ПСЖ настапи 23 пати во сите натпреварувања, додека Навас бранеше на 25 натпревари. Тој има договор со парижаните до летото 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
