Интер го победи Јувентус со 4-2, по продолженија, во финалето на Купот на Италија и го освои вториот трофеј оваа сезона. Јунак на мечот беше Иван Перишиќ, кој за три минути во продолженијата ја урна „старата дама“, а по мечот се огласи спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота.
„Морам да потсетам дека статистички ги имаме најдобрите напаѓачи во Серија А. Имаме силен напад. Задоволни сме од нашите напаѓачи и сакаме да ги задржиме за следната сезона“, изјави Марота.
Како што сега стојат работите, Пауло Дибала нема да потпише за Интер како што беше најавено. Се чини дека челниците на „нероаѕурите“ се предомислиле.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski