Connect with us

Ајакс го пронајде наследникот на Тен Хаг

Ерик Тен Хаг по крајот на сезоната го напушта холандскиот шампион Ајакс и го презема Манчестер Јунајтед, а веќе е пронајден и неговиот наследник. Нов тренер на тимот од Амстердам ќе стане Алфред Шродер. Тој е актуелен тренер на белгискиот Клуб Бриж, а претходно работеше како асистент во стручниот штаб на Барселонаа во периодот на Роналд Куман.


Шродер моментно го води Клуб Бриж до титулата во бидејќи овој тим е лидер на табелата со 46 бодови, три повеќе од тимот на Ројал Унион Сен Жиле.

Шродер ја започна својата тренерска кариера во Витесе во 2009 година, каде што беше и асистент, како и во Твенте во следните пет години, пред да го преземе првиот тим во 2014 година. Работеше како асистент во стручниот штаб во Хофенхајм, како и во Ајакс каде му помагаше на Тен Хаг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови