Потпретседателот на Јувентус и поранешен ас на клубот од Торино, Павел Недвед, го коментираше претстојното заминување на аргентинската ѕвезда, Пауло Дибала. 28-годишниот напаѓач не го прифати предлогот за нов договор со плата од 7 милиони евра по сезона наместо посакуваните најмалку 11 милиони и ќе замине како слободен агент по завршувањето на сезоната.
„Внимателно проучувавме што ни дава Дибала на теренот и надвор од него, каков е неговиот придонес во нашиот проект. Тој е одличен фудбалер, но има и високи барања кои не можеме да ги исполниме. Така нашите патишта се разминуваат, но тоа не значи дека тој не е голем играч“, изјави Недвед.
Оваа сезона Дибала одигра 37 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и шест асистенции.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski