
Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, изјави дека е среќен во тимот и ужива во секој момент од своето време во клубот. 30-годишниот фудбалер беше поврзуван со трансфери во Барселона и во Баерн Минхен во последните недели, но рече дека се чувствува одлично на „Енфилд Роуд“.
Договорот на напаѓачот со Ливерпул е до крајот на следната сезона. Садио Мане постигна еден од головите за тимот во победата од 1-2 на гости против Астон Вила со кој Ливерпул стигна до 86 бода, колку што има и лидерот Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.
„Кога освојуваме трофеи, мислам дека бев посреќен. Но, се трудам да уживам во секој момент, да постигнувам голови или да им асистирам на соиграчите. Се во името на тимот. Момците исто така ми помагаат, па очигледно сум многу среќен овде“, изјави Мане за „Скај Спортс“.
Тимот предводен од менаџерот Јирген Клоп се подготвува за уште две финалиња – во Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 28 мај и во ФА купот на Англија против Челси овој викенд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
