
Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Карим Бензема, е блиску до нов договор со „кралскиот клуб“. Според шпанските медиуми, речиси се е подготвено за да ја продолжи верноста со Реал до 2024 година. Оваа вест денеска ја пренесе „Ел Конфиденшл“, а беше и очекувана со оглед на одличните игри кои Французинот ги пружа оваа сезона.
Бензема е најзаслужниот за 35. титула во Ла Лига оваа сезона, а беше брилијантен на дуелите против ПСЖ, Челси и против Манчестер Сити по кои Реал Мадрид се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.
Бензема досега постигна 43 гола, што е речиси една третина повеќе од неговата најефикасна сезона во 2011/2012 година, кога постигна 32 гола.
Токму поради Бензема, Реал се откажа од ангажман на Ерлинг Халанд, а има намера да доведе квалитетна замена во Борха Мајорал или Раул де Томас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Арсенал го купува Лиам Делап за 35 милиони евра
