Јувентус најверојатно ја најде идеалната замена во одбраната за ветеранот Џорџо Кјелини. Претседателот Андреа Ањели наскоро ќе започне преговори со градскиот ривал Торино околу трансферот на Глеисон Бремер, тврдат медиумите на Апенините.
Кјелини на крајот од сезоната ќе ги напушти редовите на Јувентус и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во американската МЛС – лига.
Ањели затоа ќе отвори преговори со Торино околу 25-годишниот Бремер, а се шпекулира дека првата понуда ќе биде 30 милиони евра.
Најголем ривал на Јувентус во борбата за потписот на одличниот бразилски стопер ќе биде Интер, кој исто така е сериозно заинтересиран за негов ангажман.
Вечерва во Рим, Јувентус и Интер се среќаваат во финалето на Купот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













