Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд го официјализираше трансферот на Карим Адејеми од Салцбург. Адејеми потпиша договор до 2027 година, а според информациите од Германија, Дортмунд за неговиот трансфер платил околу 35 милиони евра.
Адејеми беше цел на Барселона, се споменуваше и Баерн Минхен, но тој одамна имаше преддоговор со Борусија Дортмунд.
Се предвидува дека младиот Германец ќе биде идеална замена за Ерлинг Халанд, кој претходно денеска го официјализираше трансферот во Манчестер Сити.
Адејеми експлодираше во дресот на Салцбург, на 92 натпревари постигна 33 гола и подели 23 асистенции, а не треба да се заборави дека има само 20 години.
👨💻👀 pic.twitter.com/mjT4L6n3Di
— Borussia Dortmund (@BVB) May 10, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













