Connect with us

Халанд сакал во Реал, но не можеле да му ветат дека ќе игра поради Бензема

Норвешкото чудо Ерлинг Халанд е на чекор од потпис за Манчестер Сити. Се е дсоговорено, а трансферот треба да се реализира во летниот преоден рок.


Тој во последните месеци беше поврзуван со многу европски гиганти, а покрај Сити во игра за неговиот потпис беа Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и ПСЖ.

Сепак, на крајот го избра Сити, кој лесно може да ги исполни сите услови од договорот. „Марка“ денеска откри дека Халанд бил блиску до договор со Реал Мадрид, но дека на крајот се пропаднало.

„Кралскиот клуб“ беше многу заинтересиран да го доведе Халанд, но во текот на преговорите решија да се откажат од него и му објаснија зошто го прават тоа.


Реал Мадрид се откажал од доведување на Халанд бидејќи не можат да му ветат место во стартниот состав. Од „кралскиот клуб“ сметаат дека местото централен напаѓач му припаѓа на Карим Бензема, кој оваа сезона игра во нереална форма и веруваат дека тоа сигурно ќе продолжи да го прави барем во следните две сезони.


Формата на Бензема беше пресудна за Реал Мадрид да се откаже од Халанд и тоа искрено му го признале на норвешкиот напаѓач, а наводно тој бил и позитивно изненаден што клубот не му дава лажни ветувања.


На крајот, Халанд очигледно избра кариерата да ја продолжи во дресот на Манчестер Сити и наскоро треба да биде официјализиран неговиот трансфер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови