
Ерлинг Халанд се сели во Манчестер Сити за отштета од 75 милиони евра по две и пол години во Борусија Дортмунд. Сепак, англискиот првак ќе плати најмалку 350 милиони евра за да го има младиот голгетер на „Итихад“.
Пресметката е едноставна: 75 милиони евра фиксна отштета за БорусијаДотмунд и 10 други можни бонуси. Халанд ќе биде платен по 40 милиони евра за секоја од петте години од договорот.
Провизии – 30 милиони евра за таткото на Халанд и 50 милиони за агенцијата што го застапува неговиот син. Севкупно, Манчестер Сити ќе плати 350 милиони евра за Ерлинг Халанд. Импресивна сума од која секако најголем дел паѓа на платата на голгетерот.
Покрај ова, за Халанд, кој ќе стане најплатениот играч во Премиер-лигата, ќе бидат врзани бонуси, со бројот на голови, асистенции, индивидуални и тимски трофеи.
Интересно е дека со доаѓањето на Ерлинг Халанд, Манчестер Сити ја надминува сумата од милијарда евра платена за трансфери на фудбалери, откако во клубот дојде Пеп Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
