Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, нема намера да го продаде репрезентативецот на Србија, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, истакнувајќи дека многу го цени и дека би го пуштил само под еден услов. Со месеци се пишуваше за можноста Сергеј да го напушти Лацио по седум години, а првиот човек на римскиот клуб подвлече дека Србинот не е на продажба.
„Секогаш зборуваме за пари, а јас ги истакнувам техничките и моралните квалитети на играчите. Милинковиќ не е на продажба, многу го почитувам. Дали некогаш сум го ставил на продажба или сум го навестил тоа? Купувањето зависи од продавачот“, изјави Лотито за „РАИ“.
Тој повтори дека го почитува Сергеј бидејќи српскиот репрезентативец прави разлика на теренот.
„Доколку добиеме одлична понуда од клубот, би го прашал играчот што мисли за тоа. Во мојот клуб човечките вредности се пред финансиските. Кога добив неверојатна понуда од 140 милиони евра, решив да не го продадам. Но, сепак, ќе го почитувам неговото мислење“, изјави Лотито.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal