Фернандо Роиг, претседателот на Вилјареал кој синоќа беше поразен од Ливерпул, не е задоволен од судењето откако неговиот клуб испадна во полуфиналето на Лигата на шампионите. Роиг го потенцира моментот од првиот дел во кој голманот Алисон го собори Џовани Ло Селсо во шеснаесетникот.
Главниот судија на натпреварот Дани Макели сметаше дека голманот на англискиот премиерлигаш прв стигнал до топката, па при резултат 1-0 за Вилјареал не досуди пенал и Алисон не беше казнет.
„Беше скандалозно. Судијата беше подмолен од првата минута, судеше во нивна корист“, изјави Фернандо Роиг. „Ливерпул е одличен тим против кој можевме да загубиме со повеќе голови на првиот натпревар, не сакам ова да биде изговор за нас. Но, судење не беше на ниво на ЛШ. Неговите одлуки влијаеја на резултатот“, истакна претседателот на Вилјареал.
Шпанскиот тим изненадувачки водеше со 2-0 на полувремето против Ливерпул со головите на Диа и на Кокелан. Избраниците на Јирген Клоп го добија првиот меч на „Енфилд“ со ист резултат.
Сепак, до крајот на натпреварот Ливерпул ја презеде иницијативата. Погодија Фабињо, Дијаз и Мане и на тој начин се пласираа во финалето на ЛШ во кое го чекаат подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal