Ливерпул е првиот финалист во Лигата на шампионите откако синоќа и вторпат го совлада Вијлареал. Со три гола во второто полувреме, „црвените“ славеа со 2-3, или вкупно со 2-5 во двомечот.
Египетскиот интернационалец Мохамед Салах сака Ливерпул да игра против Реал Мадрид во финалето на ЛШ.
„Сакам да играме против Реал Мадрид. Сме играле и претходно, ајде уште еднаш да се пресметаме. Сити е силен тим, неколкупати се сретнавме со нив оваа сезона. Ако јас се прашувам, го посакувам Реал Мадрид“, изјави Салах.
Реал Мадрид во 2018 година го победи Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите со 3-1, а Мохамед Салах заработи повреда на рамото по еден дуел со Серхио Рамос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













