Ливерпул е прв финалист во Лигата на шампионите. Толку е моќен тимот на Јирген Клоп, што може да му даде три гола на Вилјареал за едно полувреме, дури и кога шпанскиот тим е во таков победнички момент и ја анулирал предноста од првиот меч.
И на реваншот против Вилјареал, тимот на Ливерпул славеше со 2-3 и со вкупен резултат 5-2 оди во финалето.
Вилјареал во првото полувреме беше маестрален и поведе со 2-0, анулирајќи ја негативата од првиот меч на „Енфилд“ со головите на Диа во третата минута и на Френсис Кокелан во 41.минута.
Но, Ливерпул во второто полувреме беше брутален.
Фабињо во 62.минута намали, а Луис Дијаз само пет минути подоцна успеа да израмни. Садио Мане во 74.минута по еден противнапад направи комплетен пресврт за триумф од 2-3 на Ливерпул и на реваншот во Шпанија.
На крајот, Вилјареал остана и до десетмина фудбалери поради исклучувањето на Капуе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal