
Босанскиот прволигаш Сараево соопшти дека македонскиот интернационалец Крсте Велкоски, кој долг период беше и капитен, е отстранет од првиот тим. Клубот излезе со официјално соопштение во кое ги објасни причините за ваквата одлука на управата.
Македонскиот фудбалер, како што велат, покажал непочитување кон тренерот Александар Васоски и соиграчите на полувремето од последниот натпревар против Борац (0-1). Тој реагирал недолично откако дознал дека Васоски ќе го остави во соблекувалната откако одигра лошо прво полувреме.
„Раководството на ФК Сараево ги известува навивачите и целата јавност дека против Крсто Велкоски е поведена дисциплинска постапка за кршење на клупската дисциплина. На почетокот на оваа сезона, фудбалерот беше вербално опоменет поради недисциплина и нарушување на атмосферата во тимот, а клубот реши и официјално да поведе постапка против него по натпреварот против Борац.
Велкоски на полувремето од натпреварот во Бања Лука реагираше недолично и изрази непочитување кон тренерот и соиграчите, откако дозна дека тренерот решил да направи промена и да го остави во соблекувалната. Овој гест не е соодветен за ниту еден фудбалер на ФК Сараево, а особено за капитен кој треба да биде пример за другите играчи.
Напаѓачот е отстранет од тренажниот процес на првиот тим на „Тренинг центарот Сараево“ во Бутмир, тој има обврска да тренира индивидуално и нема да биде во конкуренција за натпревари до дополнително известување.
Сезонава Велкоски забележа вкупно 24 настапи во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна во полуфиналето на Купот на БиХ против Игман“, се наведува во соопштението на ФК Сараево.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
