Connect with us

Фелипе пристигна во Македонија, денеска потпис и промоција во Шкендија (ФОТО)

Довчерашниот фудбалер на Вардар, Бразилецот Хуан Фелипе попладнево од Бразил пристигна во Македонија на официјализација на трансферот во Шкендија.

Фелипе, кој пролетва само накратко повторно се врати во Вардар, одлучи да остане во македонскиот фудбал и во следната сезона прифаќајќи ја понудата од шампионот. Досегашниот миленик на „вардарци“ сега се сели во редовите на најлутиот ривал на најтрофејниот македонски клуб.

31-годишниот Хуан Фелипе претходно во својата кариера има настапи за бразилските Сент Андре, Ориенти и Сао Карлос како и за ЦСКА Софија и Каират во Европа.

Денеска Бразилецот во Тетово треба да стави потпис на договорот, по што ќе следи официјалната промоција од Шкендија. Фелипе нема да може да настапи за тетовци во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите против Номе Калју, но ќе биде на располагање на Ќатип Османи доколку Шкендија го продолжи потоа европскиот пат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови