Поранешниот англиски репрезентативец Џеси Лингард го напушта „Олд Трафорд“ и ова лето се сели во Италија. За него се интересираат Милан и Јувентус.
Лингард е детето на Манчестер Јунајтед, но речиси и да не добива минутажа оваа сезона, иако претходно блесна во дресот на Вест Хем, каде беше на позајмица. Сега дефинитивно сака да замине во потрага по поголема улога на теренот.
Милан и Јувентус се сериозно заинтересирани да го доведат офанзивниот играч за врска кој исто така сака да се испроба во Серија А и ќе дојде како слободен агент.
Лингард оваа сезона одигра 22 натпревари за Манчестер Јунајтед, нешто повеќе од 500 минути вкупно, што е премалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













