Поранешниот играч на Лајпциг, Марсел Забицер, целосно разочара оваа сезона во дресот на Баерн Минхен и клубот ќе се обиде на секој начин да се ослободи од него на лето, пренесува „Билд“. Членот на австриската репрезентација разочарал и минатиот викенд во поразот против Мајнц.
Претходно, Баерн Минхен ја обезбеди десеттата последовна титула во Бундес – лигата, но во првиот нареден натпревар разочара со поразот од Мајнц (3-1), а убедливо најслаба алка во тимот беше Забицер.
За тоа сведочи и одлуката на тренерот Јулијан Нагелсман да го повлече од игра на полувремето.
Забицер оваа сезона постигна само еден гол и забележа исто толку асистенции на 24 натпревари за германскиот првак. Повредите го спречија побрзо да се прилагоди на новата средина на почетокот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













