Connect with us

Уапсен еквадорски фудбалер: Нарачувал убиства и бил дел од мафијашка организација

Уапсен е еквадорскиот фудбалски репрезентативец Габриел Кортез (26), член на Барселона Гвајакил и најдобар стрелец на тамошното првенство. Полицијата тврди дека Кортез нарачувал убиства и дека е дел од мафијашка организација.


„Имаме информации дека Кортез наредил и дека ги знае имињата на луѓето кои се планирани да бидат ликвидирани“, изјави Патрисио Кариљо, министер за внатрешни работи на Еквадор.


Кортез е во притвор и се соочува со долги години затвор. Во кариерата настапуваше и за бразилскиот Ботафого и за мексиканскиот Лобос, а за еквадорската репрезентација забележа три настапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови