Баер Леверкузен стигна до убедлива победа (1-4) на гости против Гројтер Фурт, а Лајпциг загуби (1:2) против Унион Берлин на домашен терен. Ќе биде многу интересно во битката за пласман во Лигата на шампионите.
Џетро Вилемс изненадувачки донесе предност за Гројтер Фурт, но Баер Леверкузен брзо реагираше и направи пресврт со головите на Патрик Шик и на Сердар Азмун. Во второто полувреме погодија и Паулињо и Паласиос за убедлива победа на гостите.
Лајпциг поведе со 1-0 против Унион Берлин, со голот на Јусуф Полсен, но Мичел и Беренс во завршницата направија целосен пресврт.
Фрајбург ремизираше 3-3 против Борусија Менхенгладбах. Гостите поведоа со 0-2, потоа Фрајбург постигна три гола и беше пред триумф, но Ларс Штиндл во 93.минута донесе израмнување.
Ајнтрахт Франкфурт и Хофенхајм ремизираа 2-2, а Келн славеше против Арминија Билефелд со 3-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal