
Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино дојде во Ливерпул во 2015 година од Хофенхајм и стана дел од „пеколното“ трио Салах-Мане-Фирмино, кое на „црвените“ им донесе многу радости и трофеи во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите.
За среќа на Ливерпул, но и на несреќа на Фирмино, Јирген Клоп го засили тимот со двајца офанзивци, пристигнаа Диего Жота и Луис Дијаз, што значеше дека харизматичниот Бразилец полека ја губи довербата кај менаџерот и се повеќе време поминува на клупата.
Поради ова, останувањето на 30-годишниот фудбалер на „Енфилд“ е доведено во прашање, но според информациите од Англија, Ливерпул планира да му го продолжи договорот.
Раководството на клубот има намера да ја продолжи соработката со Фирмино, иако веќе нема толкаво влијание врз тимот. Договорот со бразилскиот напаѓач истекува следната година.
Фирмино одигра 320 натпревари за клубот, постигна 98 гола и забележа 73 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
