Реал Мадрид е пред освојување на шампионската титула во Ла Лига, а претседателот Флорентино Перез наголемо работи на засилувањата кои треба да пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето. Килијан Мбапе од ПСЖ е приоритет, но шпанскиот весник „АС“ најави уште две нови имиња во таборот на „кралевите“.
Реал ќе добие засилувања и во одбраната и во средниот ред. Антонио Рудигер од Челси се очекува како слободен агент да пристигне во Мадрид и да го засили Реал, а според „АС“, договорено е и доаѓањето на Орелиен Чуамени.
Одличниот играч за врска на Монако треба да биде наследник на Кашемиро во средниот ред. Покрај ова, Реал Мадрид ќе го продолжи и договорот со ветеранот Лука Модриќ до 2023 година.
Real Madrid have wrapped up the signing of Aurélien Tchouaméni and are looking to fit Antonio Rüdiger’s economic demands into their wage bill, per @diarioas. pic.twitter.com/cM5O3Ky6Uk
— Zach Lowy (@ZachLowy) April 21, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal