Италијанскиот третолигаш Бари е заинтересиран да го доведе шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ. Неговиот договор со Милан истекува на крајот од сезоната, а тој најверојатно нема да потпише нов.
Луиџи де Лаурентис, синот на претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, призна дека сака да го доведе Ибрахимовиќ во Бари.
„Ибра е забавен до смрт за мене. Тој е посебен лик, има одлична комуникација и е многу моќен. Доведете го во Бари на 41 година. Зошто да не?“, изјави сопственикот на Бари.
Третолигашот Бари е меѓу десетте најгледани во Италијa, нивните домашни натпревари на стадионот „Сан Никола“ ги гледаат во живо повеќе од 20.000 гледачи. Бари пред четири години прогласи банкрот, а сега Де Лаурентис Јуниор се обидува да го врати меѓу елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













