Хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ ова лето ќе го напушти Милан и е многу блиску до трансфер во Наполи. Но, „росонерите“ се надеваат дека од Неапол во Милано ќе го доведат македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Крилниот напаѓач на Милан, Анте Ребиќ, би можел да се пресели во Наполи за сума од 20 милиони евра, а, како што јавуваат италијанските медиуми, Паоло Малдини со сите сили ќе се обиде парите да ги вложи во евентуалниот трансфер на Елиф Елмас. Се разбира, Милан ќе треба да доплати сериозни средства доколку сака да ја реализира преселбата на Елмас на „Сан Сиро“.
Покрај Елмас, во игра за нови засилувања на Милан се и Траоре од Сасуоло и Бајрами од Емполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













