Connect with us

Ива Пројковска – дел од полуфиналето во Лигата на шампионите

Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ива Пројковска, в недела, на Велигден ќе биде четврти судија на првата полуфинална средба во Лигата на шампионите во Лион меѓу Олимпик и Пари Сен Жермен.


Главен судија е Ивона Мартиниќ од Хрватска, а помошници Соња Каршиќ од Хрватска и Сташа Спур од Словенија.


Пројковска ќе биде дел и од елитниот собир на Европското првенство кое ќе се одржи до крајот на годината.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови