Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во текот на денешниот тренинг на Наполи се пожалил на болки во тетивата. Поради ова неговиот настап на неделниот натпревар против Емполи во Серија А е неизвесен.
Лекарскиот тим на Наполи му препорачал на Спалети да не ризикува со младиот фудбалер, а последната одлука ќе биде донесена по утрешниот тренинг на тимот.
Наполи и понатаму се надева дека може да стигне до титула во Серија А иако во моментов е на третото место со четири бода негатива во однос на лидерот Милан и два бода зад Интер, кој има и еден натпревар помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal