Connect with us

Чави: Ова е златна победа, но Реал Сосиедад заслужи повеќе

Барселона славеше минимален триумф (0-1) против Реал Сосиедад и направи чекор напред кон пласманот во Лигата на шампионите, но тренерот Чави Хернандез е реален и вели дека противникот заслужил повеќе од пораз.


„Ова е златна победа за нас, но да бидеме искрени, во поголемиот дел од натпреварот тие беа многу подобри. Очигледно е дека кај нас се чувствува замор, а Реал заслужи повеќе“, изјави Чави.


Барселона во следното коло го пречекува Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски на „Камп Ноу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови