Силекс експресно се враќа во елитата, а има шанса и да го одбрани пехарот во Купот на Македонија. Кратовци денеска (16 часот) гостуваат во Битола и ќе играат против Пелистер на стадионот „Петар Милошевски“ со цел да изборат ново финале во најмасовното македонско фудбалско натпреварување. Знаат како се оди до крај и се освојува пехарот, тие се актуелни бранители на трофејот.
„Го почитуваме Пелистер без разлика каде се наоѓа на табелата. Овој натпревар е поинаков. Тие ќе се обидат да ја спасат сезоната, а со оглед на тоа што играат на домашен терен, ги прави и фаворити. Но, тоа е само на хартија. На теренот и ние се прашуваме, си имаме свои цели. Во одлична форма сме, сите ќе дадеме максимум и верувам дека Силекс ќе игра во финалето на Купот“, вели Благоја Спиркоски, кој во минатото го носеше дресот на Пелистер.
Пелистер од следната сезона ќе биде второлигаш, но, којзнае, можеби ќе оди по патот на Силекс. Да го освои пехарот во Купот на Македонија во истата сезона кога го загуби прволигашкиот статус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













