Германскиот интернационалец Тони Крос е еден од најдобрите играчи од средниот ред во својата генерација и долги години е еден од главните столбови на Реал Мадрид. Тој пристигна во Реал во 2014 година за 25 милиони евра и тоа е веројатно најдобриот трансфер досега ако се погледне што е инвестирано и што е освоено.
Германецот во меѓувреме стана симбол на „кралевите“, но, според информациите од Шпанија, би можел да го напушти „Бернабеу“ ова лето.
Реал Мадрид му понудил на Крос продолжување на соработката за уште една сезона, а неговиот актуелен договор трае до 2023 година. Сепак, 32-годишниот фудбалер е незадоволен од понуденото и побарал нов двегодишен договор, на што Реал не сака да се согласи.
Во случај да го напушти Реал Мадрид, Крос најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити. Пеп Гвардиола одамна покажува интерес за овој играч од средниот ред и јасно е дека „граѓаните“ не би размислувале ни момент за да го доведат Германецот во своите редови.
Флорентино Перез во наредниот период ќе се обиде уште еднаш да го убеди Тони Крос да остане во Реал Мадрид, како што тоа претходно го стори и со Лука Модриќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













