Ињаки Вилијамс, 27-годишниот напаѓач на Атлетик Билбао, го држи рекордот во шпанското првенство по бројот на настапи во низа, а во неделата го зголеми рекордот на 227 натпревари.
Вилијамс игра дури шест години без да пропушти првенствен натпревар за Атлетик Билбао. Овој напаѓач последен пат пропушти официјален натпревар на 17 април 2016 година.
Во сите наредни сезони, Ињаки Вилијамс играше на сите 38 првенствени натпревари, а и годинава на сите 32 натпревари на својот клуб.
Тој во изминатиот период го собори рекордот по број на последователни настапи во шпанското првенство на Хуан Ларанага, кој пред повеќе од 30 години собра 202 настапи во низа.
Во изминатите 227 натпревари, Вилијамс 189 пати бил во стартниот состав на Атлетик Билбао.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













