Бошко Паповиќ е најновото засилување на екипата на Работнички, која без конкуренција е најактивен македонски прволигаш во текот на летниот преоден рок. Тренерот Александар Влахо и управата на клубот продолжуваат со засилување на играчкиот кадар, а со ангажманот на Паповиќ би требало дополнително да се засили нападот на повеќекратниот првак на Македонија.
Србинот Паповиќ е перспективен 22-годишен фудбалер, кој доаѓа од Војводина во Работнички како освежување за навалната линија на „романтичарите“.
Тој е второто засилување за „романтичарите“ што потпишува во текот на денешниот ден, откако претходно истото го стори и фудбалерот за врска на Беласица, Драган Стојков.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski