Шкендија е елиминирана уште на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите. Загуби на домашен терен во Скопје од Номе Калју со 1-2 на домашен терен, па не помогна ниту триумфот (0-1) на првиот натпревар во Талин.
Дефанзивецот Висар Муслиу вели дека елиминацијата боли многу, но може да се надмине само со добри игри на следните натпревари.
„Логично е да има големо разочарување по начинот на кој бевме елиминирани од квалификациите на Лигата на шампионите. Меѓутоа нема бегање, ова е реалноста и ние треба да се соочиме со критиките. Одговорот треба и мораме да го даваме на терен со резултати. Само така можеме да го надминеме овој момент и верувам дека така и ќе биде. Немаме време за кукање, целиот фокус веќе е кон следниот предизвик во Лига Европа, каде ќе се обидеме да се претставиме во вистинско светло“, вели за ЕКИПА, Висар Муслиу.
Шкендија се сели во квалификациите за Лигата на Европа, а следен противник е Дуделанж.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













