Connect with us

Реакција на Тиквеш: Јасно е дека имаше пенал за нас на Чаир (ВИДЕО)

Македонскиот прволигаш Тиквеш реагира на делењето на правдата на мечот против Шкупи на Чаир. За кавадарчани беше досуден пенал, но потоа судијата Јован Качевски донесе поинаква одлука по притисокот кон помошниот судија.


Во реакцијата на Тиквеш, се вели:

Нашиот клуб ПОВТОРНО ОШТЕТЕН на денешниот натпревар против екипата на ФК Шкупи од страна на главниот судија и вториот помошен судија.

Имено во 9. минута од натпреварот од страна на противничкиот играч во шеснаестерецот беше срушен нашиот фудбалер (ВИДИ ВИДЕО ПОДОЛУ) каде што јасно се гледа дека е ПЕНАЛ во полза за нашиот тим. Главниот судија на денешниот натпревар Качевски Јован досуди пенал, но по неколку минути каде што домашната екипа направи притисок кон помошниот судија, ја смени одлуката и свирна непостоечки фаул со рака, и во истиот тој момент каде што стоеше повторно помошниот судија и покажуваше на пенал,во ниту еден момент не покажа дека нашиот фудбалер играл со рака.

Исто така јасно се гледа дека помошниот судија се намести за изведување на пенал и по неколку минути подоцна ја промени својата одлука.

Не знаеме но МОЖЕБИ НА СТАДИОНОТ ЧАИР ИМА ВАР СИСТЕМ!?

Како е можно да судиската тројка се намести на изведување на пенал и после еден момент да ја смени одлуката .

Исто така тоа се случи и на претходниот натпревар против екипата на ФК Академија Пандев во Кавадарци каде што не досудија чист гол за домашната екипа односно за ГФК Тиквеш .

ЈА ПРАШУВАМЕ СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ .

-ДАЛИ И НА КОГО МУ СМЕТА ГФК ТИКВЕШ !?

БАРАМЕ СЛУЖБИТЕ НА ФФМ ДА ГО ПРЕИСПИТААТ СЛУЧАЈОТ НЕ САМО НА ДЕНЕШНИОТ НАТПРЕВАР,ТУКУ И НА ПРЕТХОДНИТЕ НЕКОЛКУ НАТПРЕВАРИ И ВО НАЈБРЗ МОЖЕН РОК ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ЦЕЛА СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА.

Исто така ГИ ПОКАНУВАМЕ ЦЕЛА СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА на следниот домашен натпревар во Среда на Градскиот стадион во Кавадарци да присуствува на натпреварот и да БИДЕ ВАР СИСТЕМ како што беше на денешниот натпревар на стадионот на Чаир во Скопје.

И НА КРАЈ ДА КАЖЕМЕ ДЕКА ГФК ТИКВЕШ ЌЕ СЕ БОРИ ДО КРАЈ ПОКРАЈ СИТЕ НЕПРАВДИ ПРОТИВ НАС И ЌЕ ЈА ИСПОЛНИ СВОЈАТА ЦЕЛ А ТОА Е ОПСТАНОК ВО ПРВАТА МФЛ,НО ИСКРЕНО РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ ВО КРИМИНАЛНАТА ЛИГА КАДЕ ШТО ОДЛУЧУВА СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРИ ФФМ.

Со почит,
ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови