
Скопје го направи најголемото изненадување во 25.коло од Првата лига победувајќи ја Академија Пандев на гости со 1-2, со пресврт во второто полувреме. Осман Маронг во петтата минута донесе предност за „пандевци“, а гостите преку Леонид Игњатов во 63. и во 79.минута обезбедија чудесен триумф.

Шкендија одигра само 0-0 во Тетово против Борец. Избраниците на Бруно Акраповиќ не реализираа многу шанси и на крајот не успеаја да победат.
Шкупи со 1-0 го совлада Тиквеш. Интересно е дека на крајот на првиот дел беше досуден пенал за гостите, но по бурните реакции на домашните фудбалери, сепак, одлуката беше повлечена. Во 49.минута, Марјан Радески обезбеди нова победа за Шкупи.
Македонија ЃП со 2-0 го победи Пелистер. Сефер Емини двапати стрелаше од пенал.

Брегалница и Ренова одиграа 2-2 на комплексот на ФФМ. Штипјани водеа со 2-0 со головите на Урош Дамњановиќ, но потоа заработија два црвени картони (Дарко Додев и Даниел Мојсов), а тоа Ренова го искористи да израмни преку Шефит Шефити и Ремзифаик Селмани од пенал.
Вчера, Струга Трим Лум го победи Работнички на арената „Тодор Проески“ со 1-3.
ПРВА ЛИГА, 25.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ 1-2
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА 2-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР 2-0
ШКУПИ – ТИКВЕШ 1-0
ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ 0-0
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1-3

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
