
Поранешниот стратег на Вардар, Гоце Седлоски се враќа во црвено-црните редови но на позицијата спортски директор на најтрофејниот македонски клуб. Седлоски, кој во минатото ги извршуваше и двете функции во клубот, сега повторно се враќа во Вардар на местото на досегашниот спортски директор, Дарко Панчев кој, де-факто, од поодамна нема никаква улога меѓу „црвено-црните“.
Седлоски синоќа си поднесе и оставка на тренерската функција во редовите на босанскиот прволигаш Широки Брег. По поразот на Широки од Челик од 0-1 на домашен терен, но и по експресната елиминација на тимот на европската сцена ова лето, Седлоски си поднел оставка па сега повторно се враќа во македонскиот фудбал.
Вардар, поради финансиски причини, ова лето остана без настапите на европската сцена а поради административни пропусти доби и забрана за трансфери во два преодни рока. Што би се рекло, и новата функција на Седлоски како спортски менаџер ќе биде, во суштина, во мирување цела една година се до јуни 2020 година. Гоце Седлоски и при првото доаѓање во Вардар во јануари 2015 година пристигна на функцијата спортски директор, а потоа по само шест месеци седна на тренерската клупа на местото на Сергеј Андреев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
