
Францускиот интернационалец Осман Дембеле се уште нема договор со раководството на Барселона за продолжување на соработката, иако Чави Хернандез се обидува да го задржи на „Камп Ноу“ и после јули. Тој на лето ќе има можност да замине како слободен агент.
Неколку големи европски клубови се заинтересирани за Дембеле, но најконкретен е Пари Сен Жермен, кој започнал преговори со агентот на Французинот.
ПСЖ во Дембеле гледа идеална замена за Килијан Мбапе кој речиси сигурно заминува на лето. Последните информации се дека веќе постигнале договор со францускиот ас. „Светците“ немаат проблем да ги задоволат неговите финансиски барања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal