
На Единсон Кавани му истекува договорот на крајот од сезоната и тој ќе го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч. Шпанските медиуми откриваат дека Кавани започнал преговори со
Реал Сосиедад и дека Уругваецот е многу заинтересиран за преселба во Сан Себастијан.
Кавани има неколку понуди од Јужна Америка, се споменуваа Бока Јуниорс и Пењарол, но тој верува дека може да игра уште малку во Европа.
Реал Сосиедад е тим кој секоја сезона се бори за место во Европа и звучи како интересен тим. Минатото лето дојде и Давид Силва, па во Сосиедад веќе е тренд да доведуваат великанит на залезот од кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal