
Стрелецот на голот во триумфот (0-1) против Италија, Александар Трајковски, „десетката“ на македонскиот национален тим Енис Барди, и селекторот Благоја Милевски, денеска добиваат дипломатски пасоши по итна постапка.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, информираше дека двајцата фудбалски репрезентативци и селекторот Благоја Милевски ќе добијат дипломатски пасоши поради постигнатиот успех и големата историска победа против актуелниот европски шампион Италија.
„Станува збор за Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Благоја Милевски. Тие се нашите најдобри амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија. Пасошот ќе го добијат во 12.30 часот“, изјави Бујар Османи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
