Третиот најплатен дефанзивец во светот, Ајмерик Лапорт, е на пат да се раздели со својот сегашен клуб Ал-Наср една година пред истекот на договорот, информира шпанскиот весник „Ас“. Шпанскиот репрезентативец, кој беше една од клучните фигури во „црвената фурија“ при освојувањето на титулата на Европското првенство минатото лето, се согласил да го раскине договорот вреден 390.000 фунти неделно, иако истиот важи до 2026 година.
Причината за оваа одлука се силно нарушените односи со тренерот на тимот, Стефано Пиоли. Јасен знак за тоа беше и фактот што Лапорт не беше ни повикан за полуфиналниот натпревар во aзиската Лига на шампиони против Кавасаки Фронтале.
Лапорт минатото лето, како и во зимскиот преоден рок, беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, каде што кризата во центарот на одбраната поради низа повреди сериозно ја влоши ситуацијата. Медиумите потврдуваат дека на „Сантијаго Бернабеу“ повторно би ја разгледале можноста за негов ангажман, иако во моментов приоритет е доведување на помлад дефанзивец.
Фаворит според шпанските медиуми е Дин Хујсен од Борнмут, кој има откупна клаузула од 50 милиони фунти.
Лапорт и понатаму е трет најплатен дефанзивец во светот, зад Калиду Кулибали (550.000 фунти неделно) и Вирџил ван Дајк (400.000 фунти неделно).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер со крупни чекори ита кон Скудетото (ВИДЕО)













